Search
Search

ВИДЕО Полицијата објави снимки од акцијата во Грчец, меѓу уапсените и советник на Алијанса

Претседателот на огранокот на Алијанса на Албанците и советник на партијата во Општина Шуто Оризари, Севдаир Азири е меѓу шест уапсени лица, членови на организирана криминална група, во вчерашната голема полициска акција во село Грчец и на 20 други локации низ Скопје.

Едно лице претходно е приведено во Шпанија, а останатите подолг период престојуваат надвор од државата и против нив ќе биде распишана потерница, со цел нивно лишување од слобода, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Групата, како што објави Спасовски, имала конекции во земјите од Јужна Америка и посредувала при трансфер на дрога во Европа, а дел од неа требал да заврши и на македонскиот пазар. Освен со трговија со дрога, групата се поврзува и со убиства на лица чии тела, како што соопшти Спасовски, биле пронајдени во 2020 година, односно 2021 година.

Полицијата објави снимка од разбивањето на криминалната група, што заврши со апсење на 7 од 16 осомничени лица.

„Пријавениот Ш.М. (Шеваљ Муареми) заедно со О.Б. и Ј.К. формирале група за вршење на убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници“, рече министерот Спасовски.

Како што објави, групата стои зад организацијата и обидот за убиство на лице од селото Бардовци, албански државјанин чиешто тело било најдено на 15 мај 2020 година Матка во Скопје, како и двојното убиство на 5 март 2021 кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В..

Спасовски рече и дека со групата соработувале лица од МВР, обвинителствата и судовите давајќи им информации.

 

АКТУЕЛНО