Search
Search

(ВИДЕО) Проблемите на ЈСП не престануваат – Дали некогаш ќе добиеме „саглам“ јавен транспорт?

Во светот на брзиот и напреден начин на живеење, јавниот транспорт се наоѓа на врвот на листата за поддршка на урбаното сообраќајно спокојство. Во срцето на секој главен град, јавниот транспорт станува неизбежен дел од секојдневниот живот, допринесувајќи не само кон зголемување на ефикасноста на сообраќајот, туку и кон подобрување на квалитетот на живот за граѓаните.

За тоа колку е организиран јавниот транспорт во нашиот град зборуваат и бројните случувања особено во последно време на Јавниот транспортен сообраќај. Почнувајќи од еколошките автобуси што ги ветија градските власти, што ги нема, па завршувајќи со тоа да нема плати за вработените во ова претпријатие, па на крајот да ги добијат истите.

Колку се чисти, комотни и еколошки нашите градски автобуси зборуваат и бројните видео материјали за тоа колку се задоволни граѓаните на Скопје.

Во едно видео испратено до нашата редакција патничката се жали дека  возачот на линијата со број „5“ која тргнува од Ново Лисиче околку 18 часот, речиси пред крајот на дестинацијата во Ѓорче Петров свртел после Тинексот во населбата и се упатил кон гаражата да наточи гориво.

 

На реакцијата на патничката зошто сега баш полни гориво и се исклучува од сообраќај, додека во автобусот има патници, тој вели дека добил таква наредба и ништо страшно не било ако патниците задоцнат дома 10 минути.

Друг граѓанин преку видео итотака испратено до Градкса.мк потенцира дека на 58-ца е како да се возите на авион, односно толку се тресе столчето на автобусот од вибрација како да сака да се откорне од автобусот, а другите столчиња се искинати.

Добар и ефикасен јавен транспорт е неопходен за задоволување на потребите на граѓаните во модерниот градски живот. Граѓаните заслужуваат систем кој ќе им обезбеди лесно и брзо движење од еден дел на градот до друг, без загуба на време и со максимална удобност.

Ефикасниот јавен транспорт значи помалку сообраќајни загуби и кратко време на патување, што им овозможува на луѓето повеќе време за лични и професионални активности. Освен тоа, добар јавен транспорт го намалува бројот на возила на патиштата, што води кон подобро управување со сообраќајот и намалува влијанието врз околината. Секој граданин заслужува достапен, безбеден и инклузивен јавен транспорт, кој што ќе ги задоволи различните потреби на различни луѓе.

 

 

АКТУЕЛНО