Фото/Градска редакција

ВИДЕО: Реката Tреска претворена во дива депониja

Лош поглед и лоша миризба, ова е состојбата со реката Tреска која се наоѓа на периферијата на Скопје и која е заштитено природно подрачје. Градска редакција ги посети некои локации на реката Tреска каде исто така се посетени од многумина како од скопјани така и од странски туристи, сликата е разочарувачки, градежен шут низ многу места покрај коритото на реката, забележано е дека има и ѓубре и не функционални пластични и гумени базени.

Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција

 

На некои места Фотоапаратот на Градска редакција забележа и каучи, по се изгледа на некој му биле вишок па ги поставил покрај реката за дневна рекреација па и за дремење.

Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција

Иста е сликата и пред влезот на езерото треска која пак е во нај лоша состојба видена до сега, но за неа ќе раскажеме во друг прилог кој се спрема за објавување.

Фото/Градска редакција

Изворите на Треска се Еловечка Река, на источната страна на планината Стогово и Беличка Река од северните падини на Илинска Планина. Текот на Треска започнува кај селото Другово, Кичевско, кајшто се составуваат овие два крака. По својот тек низ кичевскиот крај реката се нарекува Голема Река, а низ Поречието — Велика Река. Треска се нарекува од селото Здуње кон Скопје. По течението од Здуње до Скопската Котлина, во должина од 28 км, Треска тече низ стрмен кањон во кој се наоѓа вештачкото езеро Козјак, формирано со браната изградена во 2005. година. На самиот влез во Скопската Котлина, се наоѓа и вештачкото езеро Матка создадено со браната подигната во 1937 г. година. Треска се влева во Вардар во Ѓорче Петров крај Скопје.

Сливот на река Треска започнува на надморска височина од 2.000 м. на Стогово и Бистра. Реката надолу тече низ тесна или поширока долина, сè до планината Караџица, каде минува низ клисура која добива кањонски карактер. Од десната страна на р. Треска, пред влезот на тесната клисура се појавува клисурата на р. Оча. Пред влезот на р. Треска во Скопската Котлина се наоѓа клисурата Матка. Овие клисури и падини се составени од карбонатни карпи, безводни или со повремени водени текови. Клисурите се длабоки долови, заклонети од секакви воздушни струења, поради што се многу топли и со висока воздушна влага.

Рефигуимот Матка се наоѓа во зона на термофилна вегетација и го зазема просторот пред излезот на р. Треска во Скопската Котлина на височина од 300-600 м. Теренот е многу стрмен, со издигнати вертикални карбонатни карпи, често и до 200 м во висина. Тој се протега од двете страни на реката, од десната страна е во клисурата под манастирот Св. Никола, а од левата на манастирот Св. Андреја.

Квалитетот на водата на Треска на самиот извор не е битно променет десетина години наназад, и ги има сите карактеристики на вода од I класа и повремено од II класа. Бараниот квалитет на вода, согласно законските прописи, во целост е задоволен.

Н.Ш

АКТУЕЛНО

Поврзани објави