Search
Search

ВИДЕО Таткото на Вања донесен во суд

Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, е донесен во Кривичниот суд. Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка.

Обвинител побара од судија на претходна постапка да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрагата. Таткото е донесен во судот откако еден ден помина во полициска станица и во Обвинителството на распит.

Утринава Обвинтелството и МВР кажаа дека тој негирал поврзаност, но дека тие поседуваат докази кој го покажуваат спротивното.

Таткото е осомничен дека ги дал информациите за времето и местото кога Вања ќе биде сама, а со цел киднапирање и потоа барање пари од мајката. Но, како што кажа министерот Оливер Спасовски, работите излегле од контрола, па организаторот и првоосомничен Љупчо Палевски-Палчо со пиштол ја затрелал и убил Вања.

Пред да биде осомничен, таткото Александар го пријави исчезнувањето на Вања и учествуваше во истрагата за нејзино пронаоѓање.

Тој беше до мајката Зорица, која јавно бараше помош за пронаоѓање на Вања и прва го пријави исчезнувањето во моментите кога „Скопје1“ контактираше со неа во понеделникот, околу 12 часа по исчезнувањето.

 
 

АКТУЕЛНО