Search
Search

(ВИДЕО) – Времеплов од 80 години за пешачката култура на Скопјани

Во срцето на Скопје, во 1980 година, улиците не само што биле патеки за одредена дестинација, туку и плоштади на дружење, културна размена и несебични моменти на градскиот живот.

Сега, преку виртуелната лупа на времето, го зграпчивме еден момент од минатото – видеозапис од Скопска пешачка култура или некултура во 1980 година, додека улиците ги носеле своите уникатни приказни и енергија.

Видеото нè носи во едно време кога луѓето се скоро непроменети кога станува збор за пешачката култура, каде што се гледа дека некои навики не можеме да ги совладаме како што е неправлиниот премин на улицата.

Веселиот град со пазари, кафеани, бутици и богатата пејзажна култура биле дел од дневната рутина на граѓаните.

Денес, ова видео станува времепроходна капсула, подсетувајќи нè на времето кога Скопје била сцена на сосема различен градски пулс, но скоро иста од ова временска дистанца на премин од една на друга страна на улицата.

Н. А. 

АКТУЕЛНО