Search
Search

(Видео) Времеплов со Градска: Скијањето на вода на езерото Младост во 70 години?

Малкумина знаат дека во 70-тите години во велешкото езеро Младост имало клуб составен од младинци кои имале страст за спортот на скијање на вода.

Градска.мк преку видеото ќе ве испрати во 1975 година, каде дури имаше клуб формиран за исполнување на младешките соништа

Секој почеток е тежок, се вели во видеото. Тешки беа и почетните чекори на членовите на мото-ски клубот од Скопје. Овој клуб, се вели во прилогот, е формиран во 1968 година.

„Започнаа многу скромно, Најпрвин користеа дрвени чамци, а потоа заменети со пластични чамци. Конечно по седум години постоење денеска клубот има модерен чамец со 270 коњски сили и брзина на движење од 60 клиометри на час. Членовите кои се 20 на број тренираат во групи на езерото Младост“.

Овој спорт е мошно атрактивен за младинците, тоа практично го наметна и прашањето зошто овој убав спорт нее масовен и покрај големата желба на младинците да ги пробат своите желби во скијањето на вода.

Од видеото може да се види дека скијање на вода имало не само во Охридското, туку и во велешкото езеро Младост. Можеби жителите од овој крај се сеќаваат на овие моменти кои предизвикуваат носталгија.

 

АКТУЕЛНО