На само 11 километри од Куршумлија, првата престолнина на Немањиќ, се наоѓа Куршимлијската бања.
Ова место, во кое уживало и римското благородништво, е познато по своите лековити придобивки. Во бањата има извори на сулфурни и алкални води со различни температури, кои имаат терапевтски својства за лекување на стерилитет, ревматизам и посттрауматски состојби.
По Втората светска војна, новата влада го препознала потенцијалот на бањата и продолжила да инвестира во неа, со што таа добила на значење, а нејзините сместувачки капацитети биле константно полни.
Објектот бил центар на културни настани (конгреси, претстави) и познат по својата врвна услуга.
По отворањето на хотелот „Жубор“, популарноста на вилата почнала да опаѓа, а ја затвориле во текот на деведесеттите. Тешко оштетена за време на бомбардирањето на НАТО, вилата и денес останала во лоша состојба.
Денес бањата привлекува бројни туристи од Србија и регионот, особено по реновирањето и отворање на хотелот „Планинка“. /Точка/