Search
Search

Во јуни подигнати 1.600 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на минатиот месец, Комунална Хигиена отстрани вкупно 1.600 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

И покрај тоа што основната дејност на претпријатието е собирањето и транспортот на комуналниот отпад од домаќинствата и правните субјекти, екипите на Комунална Хигиена секојдневно се максимално ангажирани за извршување вонредни активности како што е расчистувањето диви депонии коишто настануваат како резултат на непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Во оваа насока, од претпријатието апелираат до граѓаните својот отпад да го одлагаат исклучиво во наменски поставените садови – контејнери, канти или корпи за отпадоци. Воедно, оттаму сметаат дека е неопходна поголема ангажираност на соодветните институции задолжени за санкционирање на прекршителите на Законот за јавна чистота, бидејќи ЈП Комунална Хигиена нема надлежност да изрекува санкции за непрописно одлагање отпад.

-Екипите на Комунална Хигиена во текот на изминатиов викенд  беа ангажирани и за санирање на последиците од невремето што го зафати градот Скопје, при што се вршеше подигнување на паднатите дрвја, отстранување на лисјата, како и рачно и машинско метење на поголемите улици и булевари во градот. Исто така, беа реализирани и две интервенции за расчистување сообраќајни површини по сообраќајните незгоди што викендов се случија во општините Аеродром и Ѓорче Петров – потенцираат од претпријатието.

АКТУЕЛНО