Search
Search

Во 115 основни и средни училишта во Србија дојави за поставени бомби – наставата прекината

Ученици од 115 основни и средни училишта во Србија денеска не се на училиште. Родителите добиле известувања да не ги носат на училиште децата затоа што на електронската пошта им стигнале дојави за поставени бомби.

Според првичните информации, известувања за подметнати експлозивни направи биле испратени на имејл адресите на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини. Во тек е проверката на припадниците на контрадиверзантските екипи на МВР на Србија.

Екипи на МУП се на терен, а дел од учениците кои веќе стигнале на училиште, како и вработените се евакуирани.
Како што се наведува во соопштението на Министерството за образование, со цел да се обезбеди безбедност на учениците и вработените, наставата во прва смена е прекината до завршување на полициската проверка, а некои училишта веќе се проверени и наставата ќе продолжи.

 

АКТУЕЛНО