Search
Search

Во близина на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ се гради ново и се обновува постојното паркиралиште

Паркинг-просторот во близина на основното училиште ,,Кирил Пејчиновиќ” е реконструиран и проширен. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вели дека создавањето дополнителни места за паркирање е секогаш на врвот на приоритетите на жителите на општината.

Решавањето на предизвиците со сообраќајот во мирување значи помал метеж и поголема безбедност за пешаците. Ова е од посебна важност, бидејќи во непосредна бизина на денес започнатиот проект има основно училиште.  Градиме нов простор за паркирање на околу 300 м2, а целосно ќе го реконструираме и постојниот паркинг кој се протега на површина од 1600 квадратни метри.  Продолжуваме со засилен ангажман за изнаоѓање нови локации низ целата општина каде постои можност за изградба на паркинзи – информираше Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Градоначалникот информира дека додека трае неговиот мандат обезбедени се околу 1320 паркинг места, што според него е 320 места за паркирање повеќе од она што им го ветил на граѓаните од Кисела Вода.

 

АКТУЕЛНО