Search
Search

Во дворот на Цементарница поставена мерна станица за квалитетот на воздухот

Поставена е мерна станица во дворот на Цементарница „Усје“, преку која жителите на Кисела Вода ќе имат увид во квалитетот на воздухот во близина на фабриката. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека тие, како локална самоуправа прават сѐ што е во рамки на нивните ингеренции за на граѓаните да им обезбедат поквалитетен воздух и подобра еколошка средина.

На потег се сега надлежните, односно неминовна е потребата од неселективен ангажман на Градот Скопје и на централната власт преку своите ресорни министерства, кои имаат ингеренции над овој индустриски капацитет, бидејќи здравјето на граѓаните мора да биде на прво место. Во изминатите две години, ја ставивме во функција мерната станица кај Домот на култура „Билјана Беличанец“, секоја година по неколку пати организираме масовни акции за пошумување, доделуваме субвенции за набавка на печки на пелети и на пелети како еколошки енергенс, интензивно работиме на имплементација на проекти за енергетска ефикасност – вели Ѓорѓиевски.

Во Буџетот за 2024 година предвидени се средства и за набавка на фотоволтаици, со што, според градоначалникот, ќе се штеди енергија, парични средства и ќе се намали загадувањето.

АКТУЕЛНО