Search
Search

Во Европската престолнина на културата 2028 доцнат годишните исплати и повици за проекти во култура

Град Скопје сè уште не го објави годишниот повик за поддршка на проекти и програми во културата за 2024 година, додека резултатите од ланскиот уште не се јавно споделени, а за средствата не се ни контактирани здруженијата и културните работници кои аплицираа на повикот минатиот октомври, пишува Радио Моф.

Според повеќегодишната вообичаена пракса, Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје наменети за финансирање на програми проекти и активности од областа на културата од интерес на Град Скопје се отвора во септември, а крајниот рок за аплицирање е крајот на октомври тековната година. Резултатите се објавуваат напролет, следната година во април или мај.

„Не објавија никакви резултати“, вели Љупчо Митковски, финансиски директор на Филозофскиот филмски фестивал кој во јуни се одржа по 13-ти пат.

„Еднаш пред да се одржи Фестивалот, затоа што правиме промотивни материјали и треба да знаеме дали да ги ставиме или не, пративме прашање дали ќе има средства или не. Прво ни одговорија на тој општиот мејл дека се работи на тоа, уште не се излезени резултатите и толку. Вториот пат кога прашувавме дали да користиме лого, бидејќи не може да ставиш лого без да знаеш, тоа е веќе прекршување на правила, не ни одговорија. Нема ништо од нив уште“, раскажува Митковски. Тој не се надева дека средствата ќе стигнат.

„Не може отпосле да ти дадат на завршено, барем досега беше така правилото“, поентира финансискиот директор.

Финансиската поддршка, како што вели тој, иако најчесто не е доволна, сепак е добредојдена за покривање на дел од трошоците.

ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена во јуни испратила реакција до Град Скопје за доцнењето на резултатите со апел за нивно итно објавување.

„Години наназад истоимениот конкурс на Град Скопје е со ниска транспарентност и мала суштинска влијателност во полето на културата, но апсолутно е неприфатливо незадоволувањето на минимум критериумите за остварување на конкурсот од страна ан Градот како негов распишувач“, стои во реакцијата.

 

Повеќе на следниот линк

АКТУЕЛНО