Search
Search

Во градинка во Велес деца пушеле електронски цигари, суспендирана една воспитувачка

Воспитувачка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари, објави Телма. Како што пренесува телевизија, дечињата конзумирале чад од електронски цигари одреден период, се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало.

Директорката на установата веднаш ја суспендирала воспитачката од работното место и против неа покренала дисциплинска постапка, откако родителите и го пренеле целиот случај.

„Информацијата е точна. Негувателката е суспендирана и покрената е дисциплинска постапка. Имаме изјави од родителите а земени се изјави и од вработени и раководител на објектот“, изјави за Телма Маја Велинова директорка на градинката.

АКТУЕЛНО