Општина Карпош објави јавен повик за избор на најдобро уреден училиштен двор или дел од дворот.
Уредувањето на училиштен двор ја зголемува еколошката свест и поттикнува зголемување на мотивираноста за негово одржување. Право на учество на јавниот повик имаат сите десет основни училишта. Затоа ги охрабруваме сите чинители заедно да ја подготват проектната апликација и да конкурираат за награди од 70.000 денари за прво место, 50.000 денари за второ место и 30.000 денари за трето место – информираат од Карпош.
Рокот за аплицирање е до 7 мај.