Во Маврово на пат се појави мечка со две мечиња

На социјалната мрежа Х се појави видео од мечка со две мали мечиња на пат, а во објавата се вели дека е снимено во Маврово.

Погледнете го видеото тука.

Видеото е кратко и на него се гледа како мечката, кога ги забележува луѓето, се обидува со двете мечиња што побрзо да се тргне од улицата и за кратко исчезнуваат во шумата.

Ловот на мечки во Македонија е трајно забранет. Но, овој вид многу се намножи особено во националните паркови Маврово и Шар Планина.

Мечките се почето се појавуваат во населените места. Најалармантно беше во реканското село Жировница особено во текот летото и есента минатат година кога мечките напаѓаа домашни животни, а имаше случаи во кои се обидуваа да влезат во куќите.

Владата донесе мерки меѓу кои беа чистење на дивите депонии за да не ги привлекуваат мечките да се хранат од нив, како и оградување на легалните депонии.

Извор: 360 Степени МК

 

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави