Во Пекинг одбележан денот на сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј

Во амбасадата на Северна Македонија во Пекинг се организираше културен настан по повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј на иницијатива од Катедрата за македонски јазик при Универзитетот за странски студии во Пекинг.

Амбасадорот Сашко Насев подари книги на библиотеката од Катедрата за македонски јазик. Раководителката Чен Цјао се заблагодари и изрази надеж за успешна соработка во иднина.

Под раководство на лекторката Рената Пенчова студентите ги рецитираа песните „Раѓање на зборот“ од Ацо Шопов, „Букви“ од Гане Тодоровски, „Везилка“ од Блаже Конески, „Глаголица“ од Анте Поповски.

Во настанот се вклучи и македонската заедница, која живее и работи во Пекинг и проф. Јасмина Џуровска-Блажеска, професор по математика и природни науки во Меѓународното училиште Чинхуа, Пекинг. Таа ја промовира македонската култура и јазик преку неформални и дополнителни активности. Во настанот учествуваа и нејзините колеги од Кина, Шпанија, Виетнам, Филипини и рецитираа поезија  од македонски и кинески поети.

Македонска амбасада во Пекинг

За време на настанот се интерпретираа и македонските народни песни како „Македонско девојче”и Јовано Јованке”, „Назад, назад Калино моме”.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави