Search
Search

Во петок почнува примирјето меѓу Хамас и Израел

Хуманитарното примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа ќе започне во петок во 7 часот по локално време, објави Министерството за надворешни работи на Катар.

– Во петок околу 16 часот ќе биде разменет првата група цивилни заложници – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Мајед ал Ансари на прес-конференција во Доха.

Тој рече дека 50-те заложници ќе бидат ослободени за четири дена.

– Првата група заложници ќе вклучува 13 жени и деца – додаде тој.

Министерството за надворешни работи на Катар во средата објави дека е постигнат договор меѓу Израел и Хамас за четиридневна хуманитарна пауза.

 

АКТУЕЛНО