Search
Search

Во Прилеп отворена изложбата „Али Фети Окијар, истомисленик и соработник со Ататурк“

„Али Фети Окијар, истомисленик и соработник со Ататурк“ е насловот на изложбата што синоќа беше отворена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. На 12 банери со преку 160 фотографии и фото документи, е претставен животниот пат на овој истакнат турски државник, близок соработник на таткото на современа Турција – Кемал Атататурк, а роден прилепчанец кој првите 10-тина години живеел во Прилеп.

Бил двапати премиер на Турција, петпати пратеник, претседател на турското собрание, министер за внатрешни работи и за правда, амбасадор.

Ова е заокружување на истражувачкиот проект на прилепскиот Завод и музеј за Окијар. Почна на 7 мај кога се навршија 80 години од неговата смрт.

Окијар се родил во Прилеп 1880 година. Со Кемал Ататаурк заедно учел во битолската воена гимназија. Заедно ги биеле битките за создавањето на новата, современа држава.

АКТУЕЛНО