Search
Search

Во сабота прв „Dog Fest” во Скопје

Во сабота (18 мај) со почеток во 12 часот во „Hera Happy friendly dogs” – Долно Нерези, Скопје за прв пат ќе се одржи „Dog Fest”.

Како што информираат организаторите настанот е замислен како дружба за сите љубители на кучиња.

„Добредојдени се сите сопственици заедно со нивните кучиња. Преку едукација, забавни игри за милениците, но и вредни подароци, на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња ќе има дружба и забава“, додаваат оттаму.

Настанот ќе трае до 16 часот а влезот е слободен.

 

АКТУЕЛНО