Search
Search

Во Скопје и Струмица престануваат да важат препораките за аерозагадувањето, прекинат прагот на алармирање

Среднодневните концентрации на ПМ10 честичките, како што информираат од МЖСПП, се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица
Во Скопје и во Струмица престануваат да важат препораките за зголемено аерозагадување затоа што концентрацијата на ПМ10 честичките е под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар.

За ова денеска информираа од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), повикувајќи се на податоците од Државниот автоматски мониториг на воздухот.

„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 4.1.2024, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица. Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат“, информираат од Министерството.
Мерките и препораките за зголеменото аерозагадување во главниот град стапија во сила на 27 декември.

Дел од препораките беа ослободување од работа на бремени жени, лица постари од 60 години, како и лица со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

 

АКТУЕЛНО