Search
Search

Во Скопје санкционирани 10 возачи без дозвола, 62 за брзо возење

Десетмина возачи без возачка дозвола, како и 62 поради брзо возење, биле запрени од сообраќајната полиција и санкционирани во Скопје во саботата.

– При извршените сообраќајни контроли изречени се вкупно 143 санкции, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 мерки, 10 санкции за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло, осум мерки за управување под дејство на алкохол – соопшти МВР.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за се зголеми безбедноста во сообраќајот.

АКТУЕЛНО