Search
Search

Во Скопје санкционирани 252 возачи

На територија на град Скопје вчера изречени се вкупно 252 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 177 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола и седум санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од МВР.

АКТУЕЛНО