Search
Search

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

Водата во Скопје е безбедна за пиење. Ова го покажа последнот испитување на Секторот за санитарна контрола, направео на 154 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, од 46 мерни места во град Скопје, во периодот од 04.09.2023 до 07.09.2023.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18), соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

АКТУЕЛНО