Search
Search

Водопадот Дуф во село Ростуше – глетка што остава без здив

Во долината на реката Радика, во подножјето на планината Дешат во националниот парк „Маврово“, се наоѓа планинското село Ростуше, во чија непосредна близина се наоѓа водопадот Дуф.

Карактеристична за него е блескавата вода што паѓа од недогледните карпи во височините.

Водопадот се наоѓа на лесно достапно место, а до него води обележана пешачка патека во должина од илјада и дваесет метри, така што, доколку се пешачи со просечно темпо, до водопадот се пристигнува за половина час.

Патеката води по кањонот на Ростушка Река, а на крајот од кањонот се наоѓа водопадот, скриен зад карпите, со висина над 25 м.

 

АКТУЕЛНО