Search
Search

Воздухот во Скопје четвртиот најзагаден во светот

Воздухот кој синоќа го дишеа скопјани беше четвртиот најзагаден покажуваат податоците објавени на онлајн платформата „Ај-кју-ер“ која во живо ги рангира светските градови според (не)квалитетот на воздухот.

Утрово пак Скопје е на 10-тото место.

Рангирањето на „Ај-кју-ер“ на градовите во светот според загаденоста на воздухот / Фото: Принтскрин

Со индекс на загаденост 174, воздухот во Скопје вечерва е оценет како „штетен“.

Во главниот град во моментов се измерени 100 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, што, според „Ај-кју-ер“ е 20 пати поголема концентрација на оваа честичка од годишната вредност на упатството за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).

Пред македонската метропола, на листата на градови со најзагаден воздух вечерва се најдоа Мумбаj и Делхи во Индија и Карачи во Пакистан.

 

 

 

 

АКТУЕЛНО