Search
Search

Вознемирувачки фотографии: Остатоци од „курбаните“ фрлени насекаде, граѓаните вознемирени

Фрлени остатоци од „курбаните“ насекаде и лоша миризба, ова е состојбата околу контејнерите во Скопските населби. Поради високите температури се шири лоша миризба, а истовремено се опасност по здравјето на луѓето.

Граѓаните колеа добиток за Курбан Бајрам во знак на жртва и побожност. Месото од колењето на стоката се споделува меѓу сиромашните за и тие да го прослават овој празник.

Сепак, граѓаните на социјалните мрежи споделија фотографии од остатоците од колењето на курбанот. По колењето на курбанот, несовесни граѓани го фрлаа целиот отпад во контејнери.

Сите коментари на граѓаните се негативни и полни со критики кон тие што ги фрлија остатотиците по контејнери.

„Што и да коментираме ќе погрешиме, сликите сами говорат“ – гласи еден од коментарите.

Друг вели „само строги закони треба да се спроведат за да не ни се случуваат вакви работи“.

Скопското муфтивство пред празникот излезе со напомена дека за време на колењето и местото на колење на курбанот мора да се придржуваме до верските и правните норми, бидејќи последиците од истите ги сноси тој што го врши колењето.

АКТУЕЛНО