Вработените повеќе да се информираат за самото значење на задолжителните пензиски фондови

Со 60.000 членови Триглав пензиско друштво има пазарно учество од 10 проценти. Друштвото е задоволно од тоа што го постигнало за само 5 години постоење, особено што целиот нивен досегашен работен век го следат низа глобални предизвици.

-Вработените повеќе да се информираат за самото значење на задолжителните пензиски фондови, затоа што станува збор за нивни пари што се пласираат во разни инструменти и со кои се остваруваат приноси од кои еден ден ќе зависат нивните пензии, порача менаџментот.

Денеска, менаџментот на Друштвото се сретна со новинарите и порача сегашните вработени повеќе да се информираат за самото значење на задолжителните пензиски фондови, затоа што станува збор за нивни пари што се пласираат во разни инструменти и со кои се остваруваат приноси од кои еден ден ќе зависи нивната пензија.

– Задоволни сме од перформансот што го имаат остварено задолжителниот и доброволниот фонд. Овие резултати друштвото ги толкува како неоспорна потврда за постигнатиот напредок во сферата на креирање конкурентна клиентска понуда на услуги за постојното и идното членство во фондовите со кои управуваме, но и како мотив да продолжиме, посветено да креираме и да обезбедуваме уникатно корисничко искуство за секој наш постоен и иден член. Остануваме посветени, со едноставни, проактивни и доверливи решенија дополнително да ја градиме довербата на членството на македонскиот пазар – изјави Тихомир Петрески, претседател на Управниот одбор.

Од Друштвото најавија дека првиот значаен јубилеј е повод за креирање на кампањата „Триглав за тебе“, преку која се става акцент на уникатноста на Друштвото во индивидуалниот пристап до секој поединец.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави