Search
Search

Врховниот суд е за поунифицирани казни за кривични дела од сообраќајот

„Потребен е поунифициран и посистемататичен пристап при постапувањето и одлучување за кривичните дела од областа на сообраќајот, како и соодветни измени на Кривичниот законик“, е ставот на Врховниот суд донесен врз основа на заклучоците од Одделот за казниви дела и Одделот за судска практика на барање на претседателот на Врховниот суд во согласност со Законот за судовите и Деловникот за работа на Врховниот суд.

Како што велат од Врховниот суд за заклучоците и предлозите за конкретното правно прашање, уредно е известен Судскиот совет и тоа со дописи од 10.12.2021 и од 9.5.2022 година.

Во соопштението се наведува дека Врховниот на сопствена иницијатива, но и по поднесени дописи од страна на Судскиот совет, во повеќе наврати го разгледувал прашањето за казнената политика на судовите за кривичните дела од областа на сообраќајот.

„Воедначувањето на судската практика Врховниот суд го остварува само во постапка предвидена со закон. Можноста за воедначување на судската практика во однос на ова правно прашање е ограничена во стадиумот на постапување пред Врховниот суд со оглед дека секој предмет има свои особености и ниту еден предмет не може да се стави во корелација со друг предмет“, информираат од Врховен.

Во поглед на директната интервенција во казнената политика за кривичните дела од областа на сообраќајот, Врховниот суд појаснува дека може да интервенира во одлуката за казна само кога постои законска можност, односно во жалбена постапка, додека по вонреден правен лек нема законска надлежност да интеревенира во изречена кривична санкција доколку истата е одмерена во законски пропишаните граници.

Реакцијата доаѓа по намалувањето на казната на велешанецот кој прегази девојче. Првостепено беше осуден на 18 години, а Апелацискиот суд му ја намали казната на 8 години.

АКТУЕЛНО