Search
Search

Втора промоција во Атина на книгите на Бужаровска

Просторот наменет за промоција на книги во книжарницата на издавачката куќа „Гутенберг“ во центарот на Атина беше премал за да ги собере сите оние кои вчера дојдоа на презентацијата на грчките изданија на книгите „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ на македонската авторка Румена Бужаровска, кои се повеќе ја освојуваат грчката читачка публика, јави дописничката на МИА од Атина.

За помалку од осум месеци ова е втора промоција на книгите на Бужаровска во грчката престолнина, а пред само две седмици беше и премиерата на претставата „Мојот маж“ според истоимената книга.

За делата на Бужаровска на промоцијата во Атина говореа преведувачката Александра Јоаниду, режисерката на претставата Мариа Маганари и новинарката Анастасиа Јамали.

 

АКТУЕЛНО