Search
Search

Зајкова: Родовата еднаквост да не остане само на хартија

И покрај сите кампањи за родова еднаквост во Македонија сѐ уште не може да се зборува за еднаквост, оценува претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

– Многупати и јас сум била мета на напади. И некои ќе речат дека сум дел од јавниот живот па тоа е во ред. Напротив иако сум дел од јавниот живот треба да се зборува јасно и гласно. Тоа не значи да се сфати како жалење туку да се алармира до сите безбедносни органи, а не да се доведуваме до момент на понижување, изјави Зајкова во утринската емисија на „Слободен печат“.

Според неа, изминатот период имавме денови посветени на женскиот активизам, со цел борба против родово базираното насилство. Но, додава, во Македонија сѐ уште не можеме да зборуваме за еднаквост и покрај сите кампањи за родова еднаквост. Земјава ја има ратификувано Истанбулската конвенција, но, како што вели, тоа не значи сега да се вратиме назад и да остане само во писмена форма.

– Иако во политиката се вклучени и жените, сепак мислам дека не треба да бидат вклучени само заради исполнување на квотите во Собранието, туку и да се застапени повеќе и на други позиции. Не треба да заборавиме дека дури и во секојдневниот живот се соочуваме со најразлични предизвици, рече Зајкова.

 

АКТУЕЛНО