Search
Search

За две години во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ три пати е исклучена струјата поради неплатени сметки

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје повторно работи откако во средата 24 јануари им беше исклучена струјата од страна на ЕВН поради неплатени сметки.

Ова не е првпат Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ да остане без струја, од април 2022 година досега, ова е трет пат објектот да остане без електрична енергија.

Како јавна установа, библиотеката средствата за работа ги добива од Град Скопје.

Град Скопје го подмирил долгот во период од 24 часа и во четвртокот веќе струјата била вклучена.

Деновиве читалницата во „Браќа Миладиновци“ ја посетуваат стотици студенти, поради испитната сесија која е во тек. Читалницата работи 24/7.


Библиотеката „Браќа Миладиновци“ остана без струја поради неплатени сметки

АКТУЕЛНО