Search
Search
Фото/Општина Чаир

За кратко време Македонија може да прерасне во извозник на струја

Енергетскиот потенцијал во Македонија е огромен. Македонија може да биде главен снабдувач на електрична енергија од обновливи извори. Ова се ставовите на еминентни професори, предавачи, но и луѓе кои се занимаваат со оваа област надвор од Македонија.

На настанот организиран од Sun Sharing, поддршка на заедниците за соларна енергија во ЈИЕ, кој се одржа во Скопје, во разговор со претставник од Грција и од Хрватска, ја потенцираше важноста на изобилството на сончеви денови и можности за производство на соларна енергија.

Според Хрватскиот модел, тие имаат развиено систем на производство на струја од фотоволтаици, но како што велат, нивниот капацитет е помал од капацитетот кој го има Македонија. Грција пак исто така има голема количина на фотоволтаични системи, а најмногу се користат во летниот период кога речиси секое домаќинство е независно во производството на струја.

Според нив, практиката треба да продолжи, но мора да се мисли и на производство на струја од отпад, односно Био гасни централи.

Потврда на капацитетот на Македонија за производство на струја стаса и од Регулаторната комисија за енергетика, водни ресурси и управување со комунален отпад, (РКЕ) која нотираше раст од 150% на инсталиран капацитет на во обновливи извори во единаесетте месеци оваа година, во споредба со минатата.

Според Марко Бислимовски, Македонија намали скоро 1/3 од увозот на струја и го произведува најголемиот дел од обновливи извори. Во периодот што следува се очекува зголемување на овие капацитети.

Во првите шест месеци од 2023 година, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) издала лиценци за 278 електрани за производство на електрична енергија од обновливи извори што е повеќе отколку бројот на лиценците во цела 2022 година, констатира Balkan Green Energy New.

Нагорниот тренд на инвестиции во обновливи извори на енергија во Северна Македонија дополнително се забрза во 2023 година, во споредба со рекордната 2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) издаде лиценци за 545 електрани за производство на електрична енергија од обновливи извори од јануари 2022 година до 30 јуни 2023 година, со вкупна инсталирана моќност од околу 270 MW.

Од РКЕ прецизираат дека инсталираната моќност за првите шест месеци од годинава може да ги задоволи потребите на над 104.000 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија.

Вкупната моќност на постројките кои добиле лиценци од регулаторното тело е еднаква на просечната потрошувачка на домаќинствата во градовите Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Свети Никола, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготинои Гевгелија.

„Интересот кај компаниите се зголемува. Доказ за тоа се бројките што ги објавуваме според кои годинава увозот на струја е намален на 13 отсто, наспроти вообичаените 30 отсто“, рече Бислимовски.

Во претходната година, РКЕ издаде лиценци за 267 капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, претежно соларни електрани, со вкупен капацитет од 152,2 MW.

Бислимовски рече дека „ултра рекордно проширување“ на приватните иницијативи за инвестирање во обновливи извори е забележано во 2022 година, за прв пат досега. Со повеќе издадени дозволи во првите шест месеци од оваа година отколку во „рекордните“ 2022 година, трендот во Северна Македонија продолжува и дополнително се забрзува.

Регулаторното тело, исто така, најави дека размислува за измени на регулативите со кои ќе се бара новите инсталации на фотоволтаични централи да имаат батериски систем со што ќе се овозможи складирање на електрична енергија.

Игор Мицкоски

АКТУЕЛНО