Search
Search

За младите претприемачи во Илинден по 6000 денари еднократна помош

Општина Илинден ќе ги поддржи младите претприемачи кои работат на нејзина територија со еднократна парична помош од по 6000 денари.  За таа цел Општината објави Јавен повик согласно Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани.

Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување, а износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за младите претприемачи е во висина од 6.000 денари. Исплатата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена. На Јавниот повик право на учество може да оствари секое полнолетно лице со навршени најмногу 34 години кое ќе регистрира трговско друштво согласно закон во Централен регистар за трговски друштва и други правни лица во календарската 2024 година со седиште на територија на општина Илинден – инфпрмираат од Илинден.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница.

АКТУЕЛНО