Search
Search

За нарачка на партиски анкети се слушна и од ,,бомбите”

Во предизборниот период повторно анкетите за рејтинзите на политичките партии се главна тема, а од СДСМ деновиве обвинија дека на Националната телевизија МТВ се објавени лажни анкети нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а кои наводно за партијата ги изработил Владимир Божиновски, координатор на Центарот за истражување на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), кој пак се декларира за независен аналитичар.

Оваа тема беше актуелн и во 2015 година, кога од седиштето на СДСМ ечеа ,,бомбите”, од нелегално прислушуваните разговори во УБК.

Во еден од разговрорите тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека Божиновски имал еден куп нарачки, цел штаб на ВМРО-ДПМНЕ му бил на грб. Но, и дека ветил оти на толку работа, ќе ја повтори ако треба анкетата за четвртата изборна единица, каде што од необјаснети причини паѓал рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред изборите.

Според документите што ги објави новинарската истражувачка мрежа БИРН, пак, лани на 5 септември, повеќе од 600.000 евра од три државни институции има земено Институтот за политички истражувања (ИПИС) во периодот од 2011 до 2017 година за истражување на јавното мислење.

„Овој институт во јавноста често беше застапуван преку Владимир Божиновски – Влајко, кој во јавните настапи редовно ги бранеше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а анкетите на ИПИС за рејтингот на политичарите секогаш одеа во корист на поранешната владејачка структура“, вели БИРН.

АКТУЕЛНО