Search
Search

За влез во Грција се прават проверки на личните документи, за во Албанија се поминува и со старите

Намален е бројот на македонски граѓани кои денеска ги минуваат граничните премини поради обврската за поседување на лични документи со новото име, како и задолжителните налапници на регистарските таблици. Граничниот премин Богородица работи со намален проток на патници за влез и излез од државата. Граничните служби коментираат дека бројот на македонски државјани кои доаѓаат и излегуваат од државата на тој граничен премин неколкукратно е намален.

Граѓани кои денеска тргнале на пат за Грција сведочат дека контролата на преминот Евзони траела невообичаено долго, оти им биле детално прегледувани сите документи.

Додека на премините кон Грција траат подолги процедури поради проверка на документите, медиумите денеска објавуваат на нормален проток на патници со старите лични документи на преминот Ќафасан кон Албанија.

 

АКТУЕЛНО