Search
Search

Забрчанец за Отворен Балкан: Имаме вртоглав раст на туризмот, олеснет увоз и извоз и соработки во областа на културата со Србија и Албанија

„Имавме одлични заеднички иницијативи, и се уште течат соработките на тема туризам, таканаречените кружни тури од кои што, особено македонскиот туризам имаше бенефит. Ние имаме вртоглав раст во развојот на туризмот. И во областа на културата веќе има конкретни соработки меѓу уметници од Северна Македонија, Србија и од Албанија“, вели координаторот на Отворен Балкан, Марјан Забрчанец за Институтот за комуникациски студии.

Тој ги спомена и зелените ленти на границите на Ќафасан и на Табановце за транспортните возила од кои огромен бенефит имаат компаниите кои увезуваат и извезуваат особено во делот на исхраната, но и сите вработени и сите семејства на тие вработени.

„Станува збор за брз проток на транспортни возила на границите. Има посебна лента за камионите на Отворен Балкан. Патарините ги усогласивме, со популарниот mTAG кој што го има во земјите од Отворен Балкан. Северна Македонија и Србија се поврзаа, а ќе следи понатаму и поврзување на Албанија бидејќи таму се уште нема доволен број патарини со mtAG. Toa е една придобивка за побрз проток на граѓаните, да нема застанување на патарините, рампите автоматски да се креваат“, потенцираше Забрчанец.

За потсетување, Отворен Балкан e регионална иницијатива создадена од Северна Македонија, Србија и Албанија посветена на обезбедување услови за практикување на четирите европски слободи за што е можно повеќе граѓани и компании на Балканот. Беше замислен како забрзувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги. Кон Отворен Балкан досега пристапија три држави – Србија, Албанија и Северна Македонија.

Линк до целосната анализа: https://samoprasaj.mk/istrazuvame-1/otvoren-balkan-propadna-vo-berlinskiot-proces

АКТУЕЛНО