Search
Search

Заев донираше 6 мотоцикли за македонската полиција

Екс премиерот Зоран Заев преку својата фондација донираше шест мотоцикли за потребите на македонската полиција.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи упати благодарност до Заев и неговата фондација.

,,Денеска во кругот на МВР беше предадена донација од Фондацијата Заев, од страна на директорот Зоран Заев а која се состои од 6 мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството.

Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата Заев, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата.

Во свое и во име на МВР изразувам благодарност до Фондацијата Заев за оваа важна донација. Безбедноста зависи од секој еден, ја креираат сите општествени чинители, и е од клучна важност да се препознае општествената одговорност, а потоа и да се дејствува во таа насока. Би сакал да потенцирам дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби” објави Спасовски.

 
 
 

АКТУЕЛНО