Search
Search

Зараза и небезбедни улици: Глутница кучиња и купушта смет низ Тетово

Еколошката катастрофа со комуналниот смет во Тетово од ден на ден се поголема, иако градските власти во неколку наврати ветија дека словенечка компанија ќе го преземе менаџирањето со сметот во Тетово и илјадниците тони отпад ќе бидат минато.

Ризично е да се прошеташ низ градот особено во вечерните часови, каде околу контејнерите има стотици тони отпад, а кучиња скитници бараат храна во и околу нив.

Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами уверуваше дека од 1 декември, а потоа и од 1 јануари словенечка компанија ќе започне со менаџирање на сметот во Тетово.Според него веќе била започната процедурата за преземање на вработените. Но овие две ветувања не се исполнија.

Тетовскиот градоначалник, Билал Касами минатиот месец ја посети словенечката компанија која според него треба да го презеде стопанисувањето со сметот во Тетово.

„Во рамки на посетата градоначалникот ја посети компанијата за да види одблиску со какви капацитети располага оваа компанија која ќе управува и со отпадот во нашиот град. На средбата беше разгледана работата и активностите што оваа компанија ќе ги реализира во Тетово, за продлабочување на соработката и дефинирање на задачите што произлегуваат од договорот меѓу општината и оваа компанија. Заедно со претставниците на компанијата, делегацијата на Општина Тетово ја посети и фабриката за рециклирање отпад, а се надеваме и веруваме дека во блиска иднина ќе видиме и во Тетово“, истакнал Касами, пренесоа уште во јануари од Канцеларијата за комуникации и односи со јавноста при Општина Тетово.

И додека се чека странците да менаџираат со отпадот кој беше одложуван во два наврати мини диви депонии се уште го грдат Тетово, а лоша е особено сликата околу контејнерите во Тетово.

Тетово повеќе од една деценија не успеа да го реши проблемот со менаџирањето на сметот. Граѓаните нередовно ги плаќаат сметките, а поголем дел од нив и воопшто не плаќаат. ЈКП Тетово тоне во долгови, а тетовските комуналци се без редовни плати што резултири со валкан град преполн со смет.

 

АКТУЕЛНО