Search
Search

Здрав оброк за секое дете

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на АФПЗРР Никица Бачовски утрово доделија здрава ужинка за дечињата од градинката Орце Николов во рамки на кампањата – Здрав оброк за секое дете.

  

„Продолжуваме со кампањата Здрав оброк за секое дете. Денеска ја започнуваме дистрибуцијата на 175.500 кг. праски до сите детски градинки во државата. Во градинката „Орце Николов“ доделивме здраво домашно овошје за 350 дечиња и тоа сите домашни, македонски, од прва класа и произведени во нашите овоштарници, од нашите земјоделци.

Годинешната Програма за откуп на овошје е продолжение на она што го започнавме минатата година, но сега со двојно поголем буџет. За оваа година, издвоивме 40 милиони денари со кои ќе се откупат 880.000 килограми овошје од прва класа свежо сезонско овошје.“, рече Николовски.

АКТУЕЛНО