Search
Search

Зградата на Ибни Пајко, меѓу ретките што го преживеа „Скопје 2014“

Дом Ибни Пајко е зграда која се наоѓа во истоименото Пајко маало. Поради својот модерен изглед, на голем број на млади скопјани тешко им е да поверуваат дека овој објект е изграден дури во далечната 1938 година. Оваа градба била дом на трговецот Ибни Пајко, најпознатиот скопјанец од ова прославено маало.

Според овој лик целото маало го добило името Пајкомаало, кое се протегало на левиот брег на реката Вардар на просторот на денешниот плоштад „Карпошово востание“ и зградата на Филхармонија. Кога сме кај плоштадот кој постио денес, обејктот, според она како е изграден е првиот кој иницира постоење на плоштад на тоа место. „Ибни Пајко“ и денес, покрај многуте години изминати од неговата изградба и многуте нови објекти во близина, сешуте доминира над плоштадот со своите 4 ката на високо приземје и поткровје.

Зградата претставува културно наследство и споменик на културата и воопшто животот на Скопје и Скопјани од периодот на почетокот на 20-от век се до втората светска војна. 

Направена е за да биде дом на познатото трговско семејство и да има станови за издавање. Соседи во тогашното Пајкомаало биле и други угледни Скопјани, меѓу кои најпознати се семејството Ставридис, браќата Галиќ, Чохалиќ и Папа Теодосиј. Според нацрт план на познатиот архитект, родум од Дубровник, Михо Чакеља, во 1938 година, направено е зданието во кое денес е сместена градската кафеана „Пирин Планина“ и во која живеат неколку семејства, воглавном пензионери. Ибни Пајко, освен што бил добар трговец, се покажал и како одличен дипломат, имено, на просторот каде се гради Филхармонија, тој изградил џамија, иако не бил муслиман по вероисповест. 

Идејата била да ги придобие симпатиите на муслиманите и власта во тоа време, за да може непречено да функционира неговиот бизнис. Џамијата постоела до втората светска војна, се споменува се до некаде 1946/47 година, а најверојатно е урната за време на војната или по неа.

Малку е познато дека со последното бојосување на фасадата биле покриени буквите на нејзиниот преден дел, под ќерамидите, каде што пишувало „Дом Ибни Пајко°. Секоја буква била сместена во посебна преграда. Во меѓувреме тие беа вратени, како и автентичниот лик на објектот. Првичнатабила намена биле станови за издавање, но имало и социјални седишта. Хроничарите тврдат дека објектот имал црвена боја и сосема се вклопувал во тогашното решение на плоштадот наречен „Црвена Вода”. Наспроти Ибни Пајко се наоѓало познатото Еврејско Маало.

Архитект Живко Поповски појаснува дека објектот е идејно решение на архитект Михо Чакеља, родум од Дубровник, а доселен во Скопје во 1933 година. Целиот животен век го поминал во Скопје.
– Објектот е од периодот на модерната на Македонија и становите беа за издавање. Тој е прв објект што ја иницира идејата за постоење на плоштад. Покрај тоа што неговата фасада е во црвена боја, има и шрафура која по сегашното бојосување би требало да се запази, додава Поповски.

– Пред изградбата на зградата „Ибни Пајко„ што како податок е интересно, е дека во еден од тие станови за давање под наем во овој објект престојувал Ванчо Михајлов. Сега знам дека таму живеат неколку воени пензионери, тврдеше во 2016 Христо Поп Христов, полковник и специјалист-инфектолог во пензија.

 

АКТУЕЛНО