Search
Search

Зградата на МНР светна во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија

Зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) вечерва е осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во објава на Фејсбук, сподели фотографии и изрази „недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

„Остануваме на страната на украинскиот народ и нивната борба за слобода, мир и демократски вредности“, напиша Османи на фејсбујк.

Лидерите на Советот на Европа (СЕ) денеска во заедничка изјава по повод две години од почетокот на руската агресија врз Украина, ја повторуваат нивната целосна солидарност и поддршка за Киев. Русија ја започна инвазијата над Украина на 24 февруари 2022 година.

АКТУЕЛНО