Зградата што го преживеа скопскиот земјотрес, но не и „Скопје 2014“

Објектот е проектиран од архитектот Бранко Петричиќ во 1961 година во интернационален стил ( изведен 1962 год.), освојувајќи го првото место на анонимен конкурс. Објектот за своето време е  врв во примена на материјали и примена на конструкции. За прв пат во Скопје се употребува обесената конструкција , како и принципот на целосна стаклена фасадна покривка.

 

Основа на објектот

 

 

За жал, овој објект го преживеа  скопскиот земјотрес, но не ја преживее наездата на „Скопје 2014”,  е еден од најскапите проекти спроведени во државата досега, со вкупна цена од над 700 милиони евра. Најголемиот дел од тие пари беа дадени за декорирање на градот со нови згради и за преоблекување на старите објекти во нови фасади, барем четири милиони евра досега се потрошени за објектите што веќе седум години имаат руиниран изглед. Еден од нив е из зградата на државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) која повеќе од пет години има нецелосно реконструирана градба.

Според медиумски извештаи од изминатите години, на фирмата-изведувач на оваа фасада ѝ биле исплатени 400 илјади евра од договорените 3,6 милиони, а договорот бил раскинат.

 

Целата интервенција е проектирана од Градежниот Факултет.  Ова е фотографија од таблата која во 2015 година се појави слика на социјалните мрежи,  која ја покажува таблата поставена пред градежната локација.

 

Авторот на овој објект, по потекло е од Србија, роден во Плашки 1911 година, а дипломирал на Теничкиот Факултет во Белград. Исклучително битно е тоа што работел на проектот „План за Париз 37″ во бирото на Ле Корбизие во Париз. По завршувањето на втората светска војна работел како проектант во Сојузниот завод за проектирање во Белград. Во 1958 година се вработил во урбанистичкиот завод на градот. Починал 1984 година.

 

 

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави