Search
Search

Жирафата Флопи угинала како резултат на Малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови

Малиген тумор на црниот дроб и метастази на белите дробови се причините за угинувањето на жирафата Флопи, велат официјалните резултати од обдукцијата што денеска ги доби скопската Зоолошка градина.

27.11. 2023 година беше за нас трагичен ден, прво со веста за починувањето на нашиот сакан колега Ристе, а неколку часа подоцна за жал не напушти и жирафата Флопи, и покрај сите напори, грижа и максимална ангажираност на сите вработени во ЗОО Скопје кои деноноќно се грижеа за неа.

Врз основа на патохистолошки наод, и микробиолошкиот и молекуларен наод од Факултетот за ветеринарна медицина добивме заклучок во кој се констатира дека Флопи угинал како резултат на Малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови.

Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивен карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза.

Се уште сме тажни поради оваа голема загуба, бидејќи во ЗОО Скопје вработените и животните, сите заедно, сме едно големо семејство. Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, неговата голема љубов кон зоонегувателите импсетителите, како и по мирниот карактер. Еден дел од нашите срца засекогаш ќе остане празен после неговото заминување.

АКТУЕЛНО