Search
Search

Знаци кои покажуваат дека сме пораснале со строги родители

Ратењето со строги родители може да го обликува нашето однесување на начини за кои можеби не сме ни свесни. Овие навики, вкоренети уште од мали нозе, можат да не следат во зрелоста и да влијаат на нашите односи и животни избори. И иако овие однесувања не се нужно лоши, тие можат да бидат збунувачки за другите кои не доживеале слично воспитување.

Сепак, важно е да не се обвинуваат строгите родители, бидејќи тие веројатно го направиле најдоброто што можеле со знаењето што го имале во тоа време. Експертот за семејно советување, Тина Феј, наведе пет знаци кои можат да укажат дека сме израснати од строги родители.

  1. Перфекционизам
    Строгите родители поставуваат високи стандарди, што може да резултира со развој на перфекционизам во зрелоста. Ова може да поттикне анализа на секој детал и постојано стремење да бидеме најдобри во сè што правиме.

„Иако ова може да доведе до високи цели, важно е да се запамети дека е во ред да не се биде совршен цело време“, изјави Феј за Hack Spirit.

  1. Претерано извинување
    Навиката постојано да се извинуваме може негативно да влијае на самодовербата, особено кога извинувањето не е потребно, вели експертот. Често може да се манифестира во рефлексивно извинување дури и за мали нешта. Важно е да научите да ги препознавате моментите кога не е потребно извинување.
  2. Почитување на приватноста
    Луѓето кои пораснале со прекумерна контрола често силно ја ценат приватноста во зрелоста. Ова може да резултира со посебна заштита на нашиот личен простор и зголемено ценење на времето што го поминуваме сами. Важно е да се најде рамнотежа помеѓу заштитата на приватноста и одржувањето блискост со другите.
  3. Високо ниво на самодисциплина
    Строгите родители често ја ценат дисциплината и структурата, всадувајќи ги овие вредности кај своите деца. Како резултат на тоа, луѓето кои пораснале со ваков тип на воспитување често имаат импресивно ниво на самодисциплина. Сепак, експертот истакнува дека е важно да не бидете премногу строги кон себе.
  4. Независност
    Феј тврди дека децата кои пораснале со строги родители често се многу независни. Тие растат како луѓе кои претпочитаат да ги решаваат работите сами и не сакаат да бараат помош. Сепак, важно е повремено да ги препознаваме моментите кога поддршката од другите е корисна и да си дозволиме да се потпреме на другите.

Извор: index.hr

АКТУЕЛНО