Search
Search

Знаете ли дека градот Скопје бил домаќин на Светско првенство во хокеј?

Да, чудно е кога ќе чуете или помислите вакво нешто. Скопје и Македонија се многу попознати во светски рамки по други нештоа, како ракомет, едно време и кошарка, но никогаш по хокејот. Барем не во нашето сеќавање.

Тоа се случило во 1969 година, кога Скопје, заедно со уште два други европски града, беа домаќинско трио на 36. Светско првенство во хокеј на мраз.

Во нашиот главен град се играа натпреварите од Ц групата. На турнирот учествуваа селекцијата на Јапонија, Швајцарија, Унгарија, Холандија, Бугарија и Данска. За потребите на првенството почна изградбата на лизгалиштето под Кале. Со тоа почна и раѓањето на квалитетниот македонски хокеј, кој имаше свое златно доба во следните две децении, со кулминација во средината на 80-тите години.

Првенството го следеле 70 новинари, постоел за тоа време современ прес-центар, се водела комплетна статистика за стрелците, асистенциите, исклучувањата. Беа одиграни 16 натпревари во убав амбиент и пред полни трибини. Јапонците беа најуспешни од оваа група на хокеј селекции, пред Швајцарија, Унгаријa и Холандија. Скопје стана најјужниот домаќин на едно Светското првенство во хокеј на мраз.

Истото случувања тогаш, се поклопило со 47. Европско првенство во хокеј на мраз. За потребите на тие натпревари, под Кале била израдена сала со лизгалиште.

 

АКТУЕЛНО