(ВИДЕО) Зошто мачките се толку обожувани во Истанбул, но и во цела Турција?

Замислете како шетате низ центарот на прекрасниот Истанбул. Одеднаш една сенка скока од зад зградите. Можеби ќе се уплашите, но за кратко ќе видите дека тоа е само едно преслатко бело маче кое бара гушкање.

Оваа сцена се повторува во секое ќоше на Истанбул, па и во другите градови во Турција.

Мачките се вистинските протагонисти во оваа држава низ годините, на ова видео се гледа дека дури и на концертните настапи се добредојдени и може да доминираат на сцената.

За мачките скитници во Истанбул се грижат граѓаните кои секогаш внимаваат да не им недостига храна и вода, а им градат и куќички за да се заштитат од временските неприлики. Дури, во годишниот буџет на градскиот совет има дел наменет за хранење и одржување на засолништа за мачки.

Иако во многу земји уличните мачки поминуваат навистина лошо, во Турција тие живеат како во рај. Доколку некогаш сте го посетиле Истанбул, би се согласиле со тоа и сигурно нема да можете да изброите колку мачки шетаат низ улиците, како и спокојството и самодовербата со кои го прават тоа.

Се верува дека Мухамед секогаш проповедал со мачка покрај себе. Според религиозните верувања, во една прилика, неговиот миленик му го спасил животот „удирајќи шлаканица“ на отровна змија која сакала да го касне пророкот.

Оттогаш, Мухамед одлучил да им даде заштита на сите мачки што ги сретнува и така станале негови омилени животни, а денес се голем дел од турската култура.

Ако сè уште не сте го посетиле Истанбул, треба, а кога ќе го посетите, не заборавајте да ги погалите мачките кои ќе седнат до вас додека пиете турски чај, оние кои спијат во шарените килими на Старата чаршија или уживаат во погледот кон Босфорот.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави