Search
Search

Зошто се во застој преговорите за нова владејачка коалиција во Холандија?

Преговорите за формирање на владејачка коалиција во Холандија, по победа на ултрадесничарската Партија на слободата на Герт Вилдерс, се во застој по оставката на Гон ван Стреин.

Тој беше задолжен за преговорите за формирање на владејачка коалиција. Но, Ван Стреин поднесе оставка откако холандските медиуми за викендот објавија дека извршил проневера во неговата поранешна фирма.

Ван Стреин изјави дека е невин, но оти условите и времето потребно да одговори на обвинувањата не се компатибилни со доверената задача.

По оставката на Ван Стреин денеска беа откажани средбите на кои требаше да се преговара за новата влада.

Вилдерс веќе се соочува со тешка задача да ги убеди другите партии да соработуваат со него со оглед на неговите радикални ставови против исламот, имиграцијата и Европска Унија.

АКТУЕЛНО