Ја злоупотреби ли Муцунски општинската говорница за партиски цели !?

Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски вчера излезе на прес-конференција по прозивките од граѓаните дека на негова иницијатива во населба Лисиче, во реон со куќи ќе се градат згради за што е и предложен Детален урбанистички план.

Но наместо да им ја објасни идејата на граѓаните, Муцунски во најголем дел од времето од прес конференцијата ги напаѓаше своите политички опоненти и многу почесто зборуваше како партиски функционер, отколку како градоначалник на сите жители на Аеродром.

„Само кај нас во Македонија, може да имаме случај кога неуспешен градоначалник, на сомнителен начин унапреден во потпретседател на политичка партија на власт на својата мајка и помага да купи земјиште за луксузен хотел и тоа по багателни цени, токму во општина каде неговата партија е на власт. Или, пак случај каде отсуство од седница на владата може да биде земено како позитивна околност, а не како сомнеж за коруптивно дејство при продажба на земјиште на својата сопруга по нереално ниски цени“ истакна Муцунски кој звучеше како да чита соопштение напишано од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а не текст за прес-конференција на градоначалник.

По завршувањето на настанот на Муцунски, граѓаните од населба Лисиче се уште не знаат што ќе се случува со усвојувањето на конкретниот ДУП и се уште не знаат дали некое утро ќе се разбудат со лимени табли и градежна механизација веднаш до нивните дворови.

Извор: 24Инфо

АКТУЕЛНО