Search
Search

ЈП „Паркови и зеленило“ почнa со реконструкција на паркот за миленици

ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје почнa со целосната реконструкција на паркот за миленици, кој се простира на површина од 1.100 метри.

Со реконструкцијата на паркот за миленици се ревитализираат старите реквизити, но истовремено се поставуваат и нови содржини за милениците.

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ истовремено ја почнуваат и изградбата на нови паркови за миленици во мегапарковите во Ѓорче Петров, Чаир и во Кисела Вода, а ваков парк за миленици е планиран и во новиот мегапарк во општина Карпош.

АКТУЕЛНО