Search
Search

Жичарата на Водно не била сервисирана пет години, ЈСП не одговара на прашања

Со жичницата „Милениумски крст“ — жичница со кабини на планината Водно во Скопје, чие главно и последно одредиште е Милениумскиот крст на Водно, стопанисува превозникот ЈСП Скопје.

Tендерот за изградба на жичарницата е распишан на 25 ноември 2009, со краен рок за пријава на проктанти и изведувачи на 11 февруари 2010 г. Проектот за жичарницата до Милениумскиот крст е изработен од Министерството за транспорт и врски и проектантската куќа ИНПУМА, а од него е наполно исклучена фондацијата „Милениумски крст“.

Жичницата (т.е. првиот дел) е пуштена во употреба на 3 јуни 2011 г.

Сепак она што најмногу ги интересира граѓаните е безбедноста, но освен во декември 2021-та година, кога поради ковид пандемијата извесен период не беше во функција  и беше повторно пуштена во употреба, тогаш официјално беше потврдено дека е сервисирана.  Од ЈСП не одговраат на прашањата на Градска.мк кој е сервисер на жичарата и колку чини одржувањето во текот на еден месец.

Арсовска се пофали дека жичарата е во функција

ЈСП ги заврши сите неопходни процедури за пуштање на жичарата во функција од технички и безбедносен аспект. Во изминатиот период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од страна на Државен инспектор за жичарници како и редовен технички преглед. Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б)“, за ова информираше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на нејзиниот официјален Фејсбук профил на 30.декември 2021 година.

Таа тогаш додаде дека тогаш направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед.

За жичарата се грижат вработени во ЈСП

Сепак според извори од ЈСП жичарата не е сервисирана од овластен сервисер повеќе од 5 години, бидејќи одржувањето од фирмата која ја изградило е прескапо.

-Нема делови и репроматеријали за одржување и поправка на жичарата. Во моментов се назначени вработени од ЈСП, кои се обидуваат да одржуваат делови од жичарата, но тоа не се луѓе кои се стручни за нешто за кое може да случи страшна несреќа, вели изворот од ЈСП за Градска.мк.

Според информацијата исплатени се пари и за доизградба на сите траси на жичарата уште во времето кога градоначалник беше Коце Трајановски, но дека се уште нема ни трага ни глас од изградбата.

Каков беше планот за жичарата

Потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст е прва фаза на проектот кој предвидува уште два дела: почетната станица да биде кај црквата Свети Јован во Капиштец, а втората станица ќе биде кај Детската болница. Трасата на овој дел е долга 1.750 метри и се искачува од 570 до 1.068 метри надморска височина. Жичарницата од австрискиот производител Doppelmayr располага со 28 кабини со носивост од 640 килограми и капацитет за осум лица, како и две елитни (VIP) кабини за по четири лица. Гондолите од надворешната страна се опремени со држачи за велосипеди.

Проектот за жичарницата до Милениумскиот крст е изработен од Министерството за транспорт и врски и проектантската куќа ИНПУМА. На 2 мај 2010, со поставување камен темелник на Средно Водно започнала изградбата на жицарницата како проект со вредност од 6,7 милиони евра. Проектот се одвива во две фази и три дела, од кој првата е веќе изградената „Средно Водно – Милениумски крст“. Вкупната должина на жичарницата ќе изнесува 3.450 метри.

ЈСП Скопје има посебна автобуска линија која обезбедува јавен превоз до жичницата. Линијата поаѓа од Транспортиот центар, па минува низ Комплексот банки, Југодрво, Градската болница, плоштадот Македонија, Рекорд, Клиничкиот центар, Панорама, до Средно Водно и обратно.

С.Т.

АКТУЕЛНО